Селекторот на кошаркарската репрезентација на Македонија, Драган Бајиќ, го објави конечниот список на играчи на чии услуги ќе смета за наредниот дуел од квалификациите за СП, на гостински терен против Шпанија што ќе се игра на 1 јули во Сарагоса.
Во однос на кошаркарите кои ги минаа подготовките во изминатите денови, за Сарагоса нема да патуваат Страхил Николов од ТФТ и Валмир Какруки од Работнички, кои би можеле да се најдат во комбинација за наредниот меч, на домашен терен со Украина на 4 јули.
Ова значи дека своето деби во националниот тим ќе го има младиот Рубин Стефанов, како и Виктор Ташовски од ТФТ, а во составот ќе биде и Андреј Јакимовски, кој ги пропушти последните натпревари поради обврските кон универзитетот во САД.
СОСТАВ МАКЕДОНИЈА:
Војдан Стојановски – МЗТ Скопје Аеродром, Бојан Крстевски – МЗТ Скопје Аеродром, Адем Мекиќ – МЗТ Скопје Аеродром, Кристијан Николов – МЗТ Скопје Аеродром, Дамјан Робев – МЗТ Скопје Аеродром, Стојан Ѓуроски – Пелистер, Андреј Маслинко – ТФТ, Виктор Ташовски – ТФТ, Виктор Ефремовски – Гостивар, Теодор Симиќ – Барселона-Шпанија, Андреј Јакимовски – Вашингтон Стејт (НЦАА-САД), Рубин Стефанов – Италија.
Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови и фотографии), како и нивно линкување НЕ е дозволено без согласност од Редакцијата на ЕКИПА