Бајиќ и Игокеа ја „треснаа“ Црвена Звезда

Селекторот на кошаркарската репрезентација на Македонија, Драган Бајиќ со неговата Игокеа приреди вистинска сензација во регионалната АБА лига, откако на домашен терен го совлада актуелниот шампион Црвена Звезда со 75-68.

Гостите од Белград треба да бидат среќни што на крајот не загубија и со поголема разлика бидејќи на полувреме имаа негатива и од 22 поени разлика. Волер со 15 и Раданов со 14 поени беа најефикасни во победничкиот табор, додека кај „црвено-белите“ Калиниќ заврши со 16 поени.

 

 

Се вчитува...