Драган Бајиќ ќе продолжи да ја води македонската кошаркарска репрезентација без оглед на фијаското што нашиот национален тим го доживеа во квалификациите за СП 2023, во кои „црвено-жолтите“ претрпеа шест порази на шест натпревари, од кои пет со двоцифрена разлика.
Договорот на Бајиќ со федерацијата зависеше од резултатите во овие квалификации и лесно можеше да дојде до прекин на соработката. Сепак, по состанокот што го имаа двете страни беше донесена одлука тренерот на Игокеа да остане и на кормилото на националниот тим. Како „алиби“ на Србинот остана фактот дека тој не можеше да смета на најдобрите кошаркари во текот на овие квалификации, а се очекува во најскоро време да биде доведен и нов натурализиран играч, и тоа на плејмејкерската позиција.
Следен предизвик за нашата А-селекција се претквалификациите за Евробаскет 2025, од кои првите две средби ќе ги играме во втората половина од месец август. Претходно, Бајиќ ќе ја предводи Македонија на силен турнир во Литванија на почетокот од наредниот месец, дуели што ќе послужат како контроли за почетокот на новиот претквалификациски циклус.
Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови и фотографии), како и нивно линкување НЕ е дозволено без согласност од Редакцијата на ЕКИПА