Македонската кошаркарска репрезентација одигра катастрофален натпревар против Словачка за крај на претквалификациите за пласман на СП 2023. Сепак, убедливиот пораз не влијаеше за освојување на првото место и пласман во квалификациите.
Но, очигледно начинот на игра на неговите избраници и тоа како носеше нервоза кај селекторот Драган Бајиќ кој на вчерашниот дуел не можеше да се воздржи при еден тајм-аут.
„Немате памет за овој спорт! Ти немаш памет, дали ти е јасно. Каков мозок може да го стори тоа? Каков е тој шут. Не сакам да играш за поени, кој си ти, ало? Никој не игра одбрана! Што правиш ти те прашувам?“ – викаше Бајиќ по репрезентативците.
Македонија пред жрепката за квалификациите, која ќе се одржи на 31. август, се наоѓа во последниот осми шешир заедно со Шведска, Португалија и Словачка.
Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови и фотографии), како и нивно линкување НЕ е дозволено без согласност од Редакцијата на ЕКИПА