Македонската кошаркарска репрезентација со вечерашниот тренинг ги почна подготовките за претстојниот двомеч со Грузија, во кој нашите кошаркари ќе се обидат да го поправат впечатокот по стартните порази од Шпанија и од Украина во квалификациите за СП.
Селекторот Бајиќ ќе има само два тренинзи, овој вечерашниот и оној утрешниот, пред тргнувањето на пат за Грузија, недоволно ако се земат во предвид и проблемите со кои се соочува кормиларот на националниот тим.
Добра вест е враќањето на капитенот Војдан Стојановски, но затоа во составот ќе ги нема повредените Мекиќ и Магдевски, како и Дамјан Стојановски.
Згора на тоа, Бајиќ во Тбилиси повторно нема да смета ниту на Ненад Димитријевиќ, кој ќе биде во комбинација само за вториот меч во Скопје против истиот ривал.
Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови и фотографии), како и нивно линкување НЕ е дозволено без согласност од Редакцијата на ЕКИПА