Бајката на Астон Вила продолжува – го освои „Стемфорд Бриџ“ за 11-та победа во низа (ВИДЕО)

Екипата на Астон Вила продолжува со импресивните резултати во Премиерлигата. Тимот од Бирмингем го освои Лондон, славеше на гостувањето кај Челси и така дојде до 11-та победа во низа.

А, првиот дел не ветуваше ништо добро за тимот на Астон Вила. Челси водеше, можеше да постигне уште некој гол до 60 минута, па лесно да биде и три разлика, но во вториот дел тимот на Унаи Емери направи пресврт и на крајот да се радува на огромна победа.

По изведен корнер од Џејмс, Жоао Педро ја закачи топката и успеа да донесе предност за Челси.

Во вториот дел целосна доминација на Астон Вила. Оли Воткинс со малку среќа во 63. минута успеа да донесе израмнување. Истиот играч во 84. минута се погрижи за целосен пресврт и за важни три бода на гостинскиот тим.

Се вчитува...