Бајката на Лориен во француското првенство продолжува и по 9. коло во кое изненадувањето на сезоната стигна до петата последователна победа славејќи на домашен терен со 2-1 против Лил.
Лориен до предност стигна во уште во 9. минута преку автоголот на Диаките, а овој резултат остана на семафорот до крајот на првото полувреме. Домаќините останаа со играч помалку во 62. минута кога Кветара го заработи вториот жолт картон, а тоа го искористи Лил за во 78. минута да изедначи преку Давид.
Херојот на Лориен беше Ле Бри кој во 87. минута ја затресе мрежата на Лил за продолжување на серијата победи и нови три бода со кои тимот ја продолжи трката за врвот на табелата со ПСЖ и Марсеј.
Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови и фотографии), како и нивно линкување НЕ е дозволено без согласност од Редакцијата на ЕКИПА