Екипата на Рома е многу блиску до пласман во Лигата на шампионите идната сезона, откако ја продолжи својата серија на непоразеност, вечерва совладувајќи ја Фиорентина на свој терен со минимални 1-0.
Стрелец на единствениот гол за „волчицата“ беше Довбик во судиското надополнување од првиот дел на средбата.
Рома со оваа победа се израмни до Лацио на четвртото место на табелата, додека има бод повеќе од Јувентус, но „Бјанконерите“ вечерва го играат својот меч против Болоња на гостински терен. Фиорентина со овој пораз е исфрлен од битката за ЛШ идната сезона.
Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови и фотографии), како и нивно линкување НЕ е дозволено без согласност од Редакцијата на ЕКИПА

