Екипата на Жирона, која е вистински хит на сезоната во Шпанија, реди победи и во Купот откако денеска обезбеди пласман во 1/8 финалето со победата над Елче на гостински терен.
Водство за Жирона обезбеди Дени Блинд во 37. минута, кому ова му е втор гол за кратко време, откако пред неколку дена се запиша меѓу стрелците и на дуелот со Атлетико Мадрид.
Во 67. минута Коуто зголеми на 0-2, и така ја обезбеди победата на својот тим.
Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови и фотографии), како и нивно линкување НЕ е дозволено без согласност од Редакцијата на ЕКИПА

