„Бајката“ не заврши со хепиенд (фотогалерија)

ЕКИПА на ЕП во Хрватска,

Билјана Б. Петрушева, Стеван Цаневски, Игор Паневски

Македонските ракометари со пораз го завршија својот настап на ЕП 2018, и тоа нов двоцифрен во пресметката со Данска. Не е срамота да се загуби од актуелниот олимписки првак, но недостатокот на борбеност во вторите 30 минути беше нешто недозволиво за избраниците на Гонзалес, кои за четири дена ги избришаа оние магични настапи во Загреб од минатата седмица.

За жал, „бајката“ во најава на крајот не заврши со хепиенд. Уште една пропуштена шанса, свесни се оние поискусните дека времето на оваа генерација се повеќе изминува, а ваква можност, со три пренесени бода во втор круг, тешко дека ќе се укаже во некоја поблиска иднина…

 

Се вчитува...