Бајката продолжува: Ериксен се враќа назад во данската репрезентација

Чудесниот камбек на Кристијан Ериксен на фудбалските терени продолжува откако данскиот селектор Каспер Хјумланд денеска објави дека го враќа екс-фудбалерот на Тотенхем и на Интер во националниот тим. Данците ќе го искористат мартовскиот прозорец за пријателски натпревари против Холандија и Србија, дуели за кои Хјомлунд реши да го врати Ериксен во репрезентацијата.

Камбекот следи само девет месеци по страшните сцени на дуелот меѓу Данска и Финска на ЕП 2022, кога Ериксен колабираше на терен, а докторите едвај му го спасија животот.

Тој во меѓувреме потпиша договор со премиерлигашот Брентфорд, за кој ги одигра последните две средби во Премиер-лигата, како порака дека е подготвен и за репрезентативен камбек.

„Ги следев неговите последни натпревари, мислам дека против Барнли беше најдобар поединец на теренот. Јасно е дека му недостига сила, но квалитетот, начинот на кој ја движи топката, тоа се уште е на она старо добро познато ниво. Се потсетив на стариот добар Кристијан Ериксен и затоа го  повикав, да му дадам шанса да тренира и да игра малку и со нас. Не се сомневам деак тој ќе биде уште подобар како што ќе минува пролетта“, изјави данскиот селектор Каспер Хјумланд.

Се вчитува...