Бајката продолжува: Ериксен со гол за Брентфорд и против европскиот шампион

Кристијан Ериксен продолжува да игра на извонредно ниво, откако Данецот гол-серијата од националниот тим ја пренесе и на клупски план, стрелајќи прецизно за тимот на Брентфорд, и тоа на тешкото гостување против актуелниот европски првак Челси.

Резултатот гласеше 1-1 кога гостите тргнаа во контранапад преку Мбуемо, Ериксен маестрално ја следеше ситуацијата и откако беше несебично проигран рутински ја смести топката во мрежата.

Навистина фантастична бајка на човекот што неколку минути беше клинички мртов за време на ЕВРО 2020, но откако лекарите му го спасија животот, сега повторно игра фудбал на највисоко ниво.

Погодокот на Кристијан Ериксен на „Стемфорд бриџ“ можете да го погледнете на ОВОЈ ЛИНК.

Се вчитува...