Бајката продолжува: За Атлетико Мадрид нема друг тренер освен Симеоне

Атлетико Мадрид успеа да се врати на врвот на Шпанија и по втор пат во девет години да ја освои шампионската титула. Најзаслужен за тоа е Диего Симеоне кој донесе стабилност во клубот во пандемијата на коронавирус кога ривалите Реал Мадрид и Барселона мака мачеа со финансиите.

Бајката на Аргентинецот и „јорганџиите“ која трае речиси една деценија, сигурно ќе ја надмине оваа граница, бидејќи како што пренесуваат шпанските медиуми, тренерот и клубот веќе постигнале договор за продолжување на соработката до 2024 година, а недостасува само официјализација.

Раководството на клубот беше подготвено да ја продолжи соработката и на полусезоната кога Атлетико беше убедливо прв на табелата, а не ја изгуби довербата во искусниот стратег ниту кога драстично падна формата на клубот. Погледите се веќе насочени кон следната сезона за која Симеоне ќе се обиде да доведе неколку звучни засилувања, а едно од нив е Лаутаро Мартинез.

Се вчитува...