Кошаркарот на словенечката репрезентација, Клемен Препелиќ се поврзува со трансфер во Реал Мадрид, по фантастичниот настап на Евробаскетот. Словенецот моментално настапува за тимот на Левало од Париз, каде во јуни потпиша едногодишен договор со клубот.
За Словенија, Препелиќ беше играчот кој од втор план допринесе многу за златото. Противниците кои го занемаруваа на теренот маки мачеа со него, како да не беа доволен проблем Дончиќ, Драгиќ и Рендолф. На контитенталното првенство одржуваше просек од 13.8 поени, од линијата за три поени имаше фантастични 43.8%, а посебно се истакна во финалето, постигна 21 поени против националниот состав на Србија.
На „кралевите“ не им недостасуваат играчи на крилните позиции, тука се Руди Фернандез, Џејси Керол, како и новиот играч Фабиен Козер, но Препелиќ би бил зајакнување од кое Реал ќе има многу корист. Во тимот се и словенечките репрезентативци Лука Дончиќ и Ентони Рендолф, кои со широко отворени раце ќе го пречекаат нивниот „тивок“ херој од репрезентацијата.
Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови и фотографии), како и нивно линкување НЕ е дозволено без согласност од Редакцијата на ЕКИПА