Бајката стана кошмар: Талибанци го бараат малиот Муртаза бидејќи му е „другар“ на Меси

Малиот Муртаза Ахмад ги стопли срцата на луѓето ширум светот со својата приказна, откако ова дете од Авганистан се сликаше со најлонски дрес на Меси, за неполна година подоцна да биде поканет во Дубаи за лично да се запознае со аргентинскиот ас. Нешто подоцна Муртаза доби и потпишан дрес на Меси од аргентинската репрезентација, но набрзо тоа бајката стана кошмар.

Последните информации поврзани за ова дете се шокантни, откако беше обелоденето дека талибанските сепаратисти имаат организирано потрага за да го најдат Муртаза. Како причина се наведува фактот дека тој е „пријател“ на Лионел Меси, па талибанските сили сакаат со негово убиство да испратат порака што дефинитивно силно би одекнала во светот.

 

Семејството Ахмед еднаш пребегна во Пакистан, но немаше доволно средства и мораше да се врати назад во Авганистан. Тие најпрвин се криеле во џамија во Бамијан, за на крајот да стигнат до Кабул.

„Мајката и во Кабул го крие Муртаза, плашејќи се дека некој ќе го препознае и ќе го нападне, киднапира, или не дај Боже да дојде до убиство. Поради ова малиот воопшто не излегува надвор за да си игра со другите деца“ – открива извор близок до семејството.

Бајката дефинитивно се претвори во кошмар, останува само надежта дека ќе нема трагичен крај…

Се вчитува...