Двете најнови засилувања на Вардар, репрезентативците на Уганда, Фахад Азис Бајо и Муса Раматан добија работни визи за Македонија со што вднаш добиваат и регистрација во Фудбалската федерација на Македонија.
Па и двајцата ќе бидат на располагање за следните предизвици на тимот.
27-годишниот Фахад Бајо ќе го засили нападот на Вардар, а заедно со него доаѓа и неговиот соиграч од репрезентацијата, Муса Раматан. Станува збор за 23-годишен стопер кој ќе треба да ја зголеми конкуренцијата во одбраната. И двајцата претходно настапувале за чешкиот клуб Вишков.
Од Вардар најверојатно ќе си замине Данил Донгмо кој е на пат кон Романија, во Петролул Плоешти.
Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови и фотографии), како и нивно линкување НЕ е дозволено без согласност од Редакцијата на ЕКИПА

