Бајрами: Бевме рамноправни со Нефчи, штета за елиминацијата

Тренерот на Шкупи, Муарем Бајрами сосема очекувано е разочаран од елиминацијата на неговиот тим во првото квалификациско коло од Лигата на Европа, но задоволен од начинот на кој чаирчани се претставија во Баку.

„Честитки до Нефчи за победата. Но, мора да кажам дека ние денеска игравме навистина добро, можеби најдобро на последните шест-седум натпревари. Во првото полувреме игравме подобро од Нефчи, имавме шанси и да постигнеме гол, но не успеавме во тоа. Во второто следеше казна и потоа, по исклучувањето на Гоудиаби беше тешко да се вратиме. Штета, затоа што бевме рамноправни на теренот. Но, едноставно Нефчи е искусен тим кој не ни прости за грешките“ – истакна Бајрами на прес-конференцијата по средбата во Азербејџан.

Се вчитува...