Освојувачот на Националниот куп, Македонија Ѓорче Петров одигра реми без голови (0-0) против ЦСКА Софија во 2. квалификациско коло од Конференциската лига.
Тренерот на „лавовите“, Муарем Бајрами по мечот изјави дека тимот покажал дека може да играат со големи екипи.
„Покажавме дека сме одлични домаќини и направивме феноменална организација. Одигравме одлични 45 минути. Покажавме дека можеме да се носиме со големи екипи, а во првото полувреме бевме и подобар противник. Црвениот картон ги наруши нашите планови. Бевме ориентирани повеќе во дефанзива и сум многу задоволен како одигравме. Стојам на тоа дека ЦСКА е фаворит и на реваншот. Имаме почетни 0-0, одиме да се бориме и во Софија. Нема да го имаме Матеус во реваншот, но сум среќен бидејќи имам играчи кои достојно ќе го заменат“, изјави Бајрами.
Околу повредата на Сефер Емини, Бајрами вели…
„Се надевам дека не е сериозна повредата, но за два-три дена ќе знаеме точно каква е состојбата со него. Сепак, ќе повторам многу сум среќен што имам играчи кои можат да заменат секого“, заврши Бајрами.
Реваншот е за седум дена во Софија.
Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови и фотографии), како и нивно линкување НЕ е дозволено без согласност од Редакцијата на ЕКИПА