Бакајоко сепак во Челси: „Ситна“ повреда ги одолговлекува медицинските прегледи

Челси сепак ќе се спаси од втора „кражба“ од Мурињо и Јунајтед. Трансферот на Тиму Бакајоко во редовите на шампионот кој требаше да биде реализиран уште пред неколку дена , ќе го официјализираат следната недела по закажаните медицински прегледи.

Според изворите од Англија, мала повреда на коленото го спречува Французинот од долгогодишна преселба во Лондон, но фудбалерот на Монако сега конечно ќе го направи трансферот за кој долго време чека.

Откако Манчестер Јунајтед шокираше со трансферот на Ромелу Лукаку, кој самиот тврдеше и се гледаше во дресот на Челси, Роман Абрамовиќ и Антонио Конте нема да дозволат уште една трансфер мета да им „избега“ од раце. Наводно, Јунајтед ги договориле условите за ангажман на Бакајоко за 35 милиони фунти, сума која Монако веќе ја прифати од Челси.

 

Се вчитува...