„Баксузната Фиорентина“ – Беше подобар противник, а на крајот загуби од Јуве со автогол во финишот (ВИДЕО)

Јувентус на неверојатен начин стигна до победа од 0-1 на гостувањето кај Фиорентина во првиот натпревар од вториот полуфинален двомеч во Копа Италија. Гостите од Торино мора да бидат презадоволни од овој исход бидејќи домашниот тим беше далеку подобар противник во текот на целиот натпревар, а на крајот автоголот на Венути донесе предност од еден гол по првиот натпревар.

Ситуацијата која го одбележа мечот беше пречекот кој што му го приредија домашните навивачи на српскиот интернационалец, Душан Влаховиќ кој во зимскиот преоден рок виолетовиот дрес го замени со тој на „старата дама“.

Реваншот меѓу Јувентус и Фиорентина е закажан за 20. април во Торино. Првото полуфинале кое вчера го играа градските ривали Милан и Интер заврши без голови (0-0).

 

Се вчитува...