На гостувањето на подкастот „Football’s Greatest“ меѓу останатото поранешниот репрезентативец на Германија, Михаел Балак говореше и за состојбата во германскиот фудбал и сениорскиот репрезентативен состав за кој го откри идеалниот селектор.
Според поранешниот фудбалер на Баер Леверкузен, Баерн Минхен и Челси тоа е Јирген Клоп, тренерот на Ливерпул кој ќе ја врши својата функција во англискиот клуб на крајот на сезоната, а потоа ќе стане слободен агент со оглед на тоа што најави заминување.
„Во нормален разввој на неговата кариера ти требало еден ден да биде селектор. Би сакале да го видиме тоа. Тој има квалитет и карактер, тој е фактички симбол на сите германски ставови. Потребен ни е лидер како него. Кога ќе биде подготвен мислам дека сите ќе бидат среќни“, изјави Балак.
Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови и фотографии), како и нивно линкување НЕ е дозволено без согласност од Редакцијата на ЕКИПА