Балкан и фудбал: Играчи сред натпревар се тепаа со публиката (ВИДЕО)

Немилите сцени на спортските терени во поранешната Југославија беа присутни и овој викенд. Скандалот овој пат ни доаѓа од Република Српска каде во тамошната Прва фудбалска лига на натпреварот од 24. коло помеѓу Модрича и Лакташ беше забележан ретко виден инцидент.

Се започна во првото полувреме по жесток старт на теренот по кој следеше општ хаос проследен со четрири црвени картони од кои три за домашните фудбалери и еден за гостите. А, незадоволните исклучени домашни играчи продолжија да бидат во центарот на вниманието, но не на теренот, туку на трибините.

Наседнувајќи на провокациите на гостинските навивачи решија физички да се пресметаат со навивачите на Лакташ, потег за кој се очекува да бидат изречени драстични казни.

Се вчитува...