Белградски Партизан загуби во првото коло од новата сезона во српската Супер лига. Партизан загуби од Радник Сурдулица кој ги запиша првите бодови во историјата против Партизан.
Тренерот на „црно-белите“, Мирослав Ѓукиќ истакна дека неговиот тим потфрлил, и дека мора да ја подобри реализацијата.
Но, тие оправдувања на Ѓукиќ не сакаа да ги слушнат навивачите на Партизан. Уште по првиот дуел во сезоната по мечот скандираа за заминување на Ѓукиќ од клубот. Се бараат оставки и преку социјалните мрежи. Тешко дека тоа ќе се реализира но само потврдува за начинот на размислување на овие простори. Балкан си е Балкан.
И Бобан Бабунски доби отказ од клупата на Вардар по само еден натпревар на клупата на „црвено-црните“ сезонава. Нема разлика!
Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови и фотографии), како и нивно линкување НЕ е дозволено без согласност од Редакцијата на ЕКИПА