Балкан: Словенечки хотел го продава креветот во кој спиеше Кристијано Роналдо

Хотелот Гранд Плаза во Љубљана каде престојуваше португалската фудбалска репрезентација на чело со Кристијано Роналдо за пријателскиот натпревар со Словенија одлучи да го продаде креветот во кој спиеше фудбалерот на Ал Наср.

Раководството на хотелот се одлучи на интересен потег, да го стави креветот на аукција до крајот на месецот со почетна цена од пет илјади евра, а собраните средства да бидат донирани во хуманитарни цели, пренесуваат тамошните медиуми.

Како потсетување, натпреварот помеѓу Словенија и Португалија заврши со победа од 2-0 на домаќините.

Се вчитува...