БАЛКАН: Жестока физичка пресметка на хуманитарен меч – повредени навивачи и ракометари (ВИДЕО)

Жестока физичка пресметка меѓу навивачите се случи на хуманитарниот ракометен натпревар меѓу РК Бијељина и РК Црвена Звезда кој се играше во Бијељина, БиХ.

При инцидентот интервенираше и полицијата, но не успеа да спречи да има и повредени и меѓу навивачите, и меѓу ракометарите кои потоа се вклучија во пресметката. Според информациите, двајца навивачи и еден ракометар се повредени и пренесени во Ургентниот центар во Бијељина, а по укажаната помош се пуштени на домашно лекување.

Интересно, да биде се апсурдно, се работи за хуманитарен натпревар кој беше организиран токму од страна на навивачките групи на двата тима.

Се вчитува...