Балканец си е Балканец – Еве што слуша Златан Ибрахимовиќ во соблекувалната на ЛА Галакси (ВИДЕО)

Златан Ибрахимовиќ ги почна подготовките за новата сезона со ЛА Галакси, а во соблекувалната се загрева на балкански начин.

Шведскиот фудбалер по потекло од Босна и Херцеговина објави видео како се подготвува за тренинг во соблекувалната на Лос Анџелес Галакси. Додека Ибрахимовиќ ја облекува опремата во позадината одекнува гласот на Халид Бешлиќ и неговиот познат хит „Београѓанка“.

Во својата дебитантска сезона во САД, Златан ибрахимович постигна 22 гола на 27 натпревари во МЛС лигата, но не успеа да го однесе тимот од Лос Анџелес во плеј-офот.

Се вчитува...