Очигледно Балканот и тоа како е загреан за фудбалот, барем ако се погледнат натпреварите низ квалификациите во европските клупски натпреварувања.
Од сите натпревари во 2. квалификациско коло од Конференциската лига на УЕФА, најпосетени беа натпреварите кои се играа на Балканскиот полуостров.
Со убедливо најголема посета од 28.488 гледаше беше натпреварот на „Пољуд“ во Сплит меѓу Хајдук и Торшавн, а по него е натпреварот во Сараево каде на дуелот на домашниот тим против Спартак Трнава присуствуваа 26.756 гледачи. А, 19.766 гледачи имаше на дуелот во Атина, меѓу АЕК и Ескалдес.
Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови и фотографии), како и нивно линкување НЕ е дозволено без согласност од Редакцијата на ЕКИПА