Катастрофален ден за балканските селекции во квалификациите за СП 2026. Црна Гора го доживеа веројатно еден од најсрамните резултати во својата историја со поразот на Фарските острови од убедливи 4-0. Грција „смрзна “ на гостувањето против Шкотска со пораз од 3-1.
Во квалификациската група Л се случи веројатно најголемото изненадување низ досегашниот тек од натпреварувањето со поразот на Црна Гора, повеќе од убедлив од 4-0 од Фарските острови. Фараните со два гола уште во првото полувреме најавија голема победа, а потоа со нови два гола во вториот дел само ја заокружија.
Faroe Islands 2-0 Montenegro – Árni Frederiksberg free-kick 36′
byu/4gjdtokurwa insoccer
Faroe Islands 4-0 Montenegro – Árni Frederiksberg penalty 72′ (+ call)
byu/atbg1936 insoccer
Во истата група, Хрватска ремизираше без голови на гостувањето против Чешка.
Во Групата Ц, Грција иако имаше водство од 0-1 со голот на Цимикас во 62. минута, Шкотите потоа до крајот на дуелот постигнаа три гола за убедлив триумф од 3-1. Во оваа група, Данска сосема очекувано славеше со 0-6 на гостувањето против Белорусија.
Во Групата Х, БиХ испушти победа на гости против Кипар буквално во последните секунди од средбата. Босанците имаа водство од 0-2 до 36. минута, Кипраните намалија на 1-2 со голот на Лаифис во последните секунди од првото полувреме.
А, кога се чинеше дека БиХ ќе ја однесе победата, на крај Питас од пенал во 96. минута донесе 2-2 за Кипар.
Cyprus [2]-2 Bosnia & Herzegovina – Ioannis Pittas penalty 90+6′
byu/4gjdtokurwa insoccer
Во оваа група Австрија го демолираше Сан Марино победувајќи со 10-0.
Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови и фотографии), како и нивно линкување НЕ е дозволено без согласност од Редакцијата на ЕКИПА

