Балканот воодушевен – Кавани е фан на фудбалски клуб од третата српска лига

Единсон Кавани, славниот уругвајски напаѓач, на својот Инстаграм профил објави фотографија на која гордо позираше со шалот на српскиот фудбалски клуб – Јединство УБ. Ова е тим во кој Немања Матиќ ја започна својата кариера и кон него има голема љубов, а тој тоа го покажа уште еднаш со голем и убав гест.

Матиќ овој шал го подарил на својот некогашен соиграч од Јунајтед, Кавани, а репрезентативецот на Уругвај се одлучил преку фотографија да даде поддршка на српскиот клуб.

Тимот е од третата лига на српскиот фудбал, а на овој начин доби голем чест и афирмација, самиот потег предизвика големи симпатии на многу љубители на фудбалот на социјалните мрежи.

Јединство УБ во моментов се натпреварува во Српската лига Запад, каде се наоѓа на средината на табелата и по 17. коло ја зазема осмата позиција.

 

View this post on Instagram

 

A post shared by FK Jedinstvo Ub (@fk_jedinstvo_ub)

Се вчитува...