Балканска работа: Црногорците направија историски успех, па се искараа меѓу себе

Црногорската ракометна репрезентација уште еднаш ја докажа онаа старата балканска дека по секој успех, најчесто се се завршува со голема караница меѓу актерите и тотална пропаст и уништувње на сите направени успеси.

По одличниот старт на шампионатот и победите над Македонија, Словенија и Хрватска, Црна Гора го заврши Европското првенство со три порази во низа. Црногорските медиуми пренесуваат за кавга меѓу селекторот на репрезентацијата Зоран Рогановиќ и спортскиот директор Драшко Мрваљевиќ кои веќе не комуницираат меѓу себе.

Очигледно ситуацијата меѓу двајцата последните денови е напната, па останува прашање дали Рогановиќ ќе остане на селекторската позиција по завршувањето на шампионатот. Токму Мрваљевиќ ја водеше Црна Гора на мечот против Македонија, бидејќи Рогановиќ беше позитивен на коронавирус.

Се вчитува...