Второто коло од Балканската младинска регионална лига во пинг-понг ќе се одржи викендов во СЦ „Борис Трајковски“ во А1 Арена (мала сала) во Скопје.
Првото коло се одржа во Приштина, Косово, каде јуниорките од македонската репрезентација беа убедливо први во поединечна и екипна конкуренција. На натпреварите, во конкуренција на репрезентации од Косово и Црна Гора, учествуваат кадетската репрезентација и јуниорската репрезентација на Македонија.
Натпреварите и во двете конкуренции, екипна и поединечна, на 8. и 9. февруари почнуваат во 9 часот.
Македонската репрезентација во второто коло од Балканското натпреварување ќе ја претставуваат следните пингпонгари:
Јуниори
Даниел Главевски Зхоу ППК Мултитекс
Теодор Волкановски ППК Крушево
Јуниорки
Бојана Михаловска ППК Рисови
Ана Стојановска ППК Крива Паланка
Кадети
Борис Секулов ППК Астраион
Лука Стојчев ППК Шампион ФА
Кадетки
Сара С.Стојановска ППК Крива Паланка
Васе Богоевска ППК Крушево
Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови и фотографии), како и нивно линкување НЕ е дозволено без согласност од Редакцијата на ЕКИПА

