Балкански клуб тргна поМодриќ… Хрватите одговорија: Лука може да ви ја купи цела лига

Преуспешната кариера на Лука Модриќ во Реал Мадрид заврши со крајот на сезоната. Хрватскиот магионичар со топката заминува од „Сантијаго Бернабеу“ како најтрофеен фудбалер во историјата на славниот шпански клуб, а која ќе биде неговата следна дестинација останува отворено прашање.

За Модриќ постои сериозен интерес од Саудиска Арабија каде му нудат вистинско богатство за потпис, постои сериозен интерес и од клубовите од најдобрите пет првенства во Европа, но и од словенечката Олимпија. Според медиумите во Словенија клубот веќе стапил во контакт со агентот на Модирќ за потенцијален трансфер.

Тоа не е првиот интерес за ангажман на Хрватот од страна на словенечки клуб, тој беше мета и на Целје пред да го продолжи договорот со Реал Мадрид минатото лето, но овој пат интересот е далеку посериозен. Претседателот на Олимпија најави силен тим за настап во Лигата на Шампионите, а во 39-г0дишникот се гледа како темел на прокетот.

Хрватите пак веднаш одговорија на овие информации со порака: „Лука може да ја купи целата лига, не да дојде во еден клуб“.

Се вчитува...