Бало Туре ново засилување на Милан (ФОТО)

По вчерашната потврда за трансферот на Оливие Жиру, италијанскиот калчолигаш Милан денеска го промовираше и второто засилување за сезоната, Фоде Бало Туре. Тој потпиша четиригодишен договор со клубот од „Сан Сиро“.

Минатата сезона Бало Туре настапуваше за француски Монако каде одигра 74 меча. Сенегалецот кој е роден во Франција ги помина сите млади категории на оваа земја, но минатата година реши да игра за Сенегал.

 

Се вчитува...