Италијанскиот фудбалер Марио Балотели е на прагот да се врати во Серија А. Како што пренесуваат медиумите на „чизмата“, Балотели наводно се договорил со Џенова чив тренер е Алберто Џилардино.
Двајцата разговараle неколку пати, а клубот сега работи на последната фаза од договорот со искусниот напаѓач.
Балотели е без клуб од крајот на минатата сезона, бидејќи му истече договорот со Адана Демирспор. Последен пат играше во Италија во сезоната 2020/21 за Монца во Серија Б. Џенова постигна само пет гола во првите седум кола од Серија А и е на 18. место со само пет бода.
Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови и фотографии), како и нивно линкување НЕ е дозволено без согласност од Редакцијата на ЕКИПА