Марио Балотели е на добар пат конечно да ги разреши дилемите за иднината и да потпише договор со нов клуб – тоа според неговите желби, повторно да заигра во италијанската Серија А. Проблематичниот голгетер во последниот месец беше поврзуван со клубови од најразлични делови на Европа и светот, тој одби бројни понуди, но сега сериозно размислува да потпише договор со Џенова.
„Супер Марио“ не ја крие желбата повторно да заигра во италијанското фудбалско друштво, а Џенова е во потрага по нов голгетер. Тренерот Алберто Џилардино важи за голем фан на Балотели, тој веќе имал и телефонски разговор со напаѓачот што минал во пријателската атмосфера. Џилардино ја пренел желбата за потпис на договор со овој фудбалер до управата, а челниците на клубот смислуваат како со однапред вметнати клаузули во договорот да се заштитат од евентуални „лудории“ на фудбалерот кој знае да биде крајно проблематичен.
Марио Балотели последен пат играше во Италија во сезоната 2020/21 во дресот на второлигашот Монца. Потоа следеше трансфер во Аданаспор, па кратка авантура и во швајцарски Сион. Минатото лето тој се врати во Аданаспор, но турскиот тим летово не му го продолжи договорот, па „Супер Марио“ е слободен играч и може без никаква отштета да потпише и веднаш да биде регистриран во нов клуб.
Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови и фотографии), како и нивно линкување НЕ е дозволено без согласност од Редакцијата на ЕКИПА