Балотели ја напушта Европа – Оди во клуб каде ќе биде дочекан како „Марадона“

Италијанскиот напаѓач Марио Балотели остана без клуб, откако Бреша летово реши да ја прекине соработката со него. Балотели повторно беше непослушен надвор од теренот што челниците на Бреша не сакаа да го трпат и решија да го раскинат договорот. Супер Марио се уште е без клуб бидејќи интересот за него не е толку голем како во претходните сезони.

Во последно време се шпекулираше најмногу дека Балотели ќе ја продолжи кариерата надвор од Европа, а честа дестинација со која се поврзува е Бразил. Васко Де Гама покажа интерес за него, а веќе се водат преговори. Директорот на овој клуб, Фабио Кордела изјави дека сè уште не е постигнат официјален договор и дека не сака да брза со бомбастични најави.

“Тој сака да дојде овде и не заборавајте дека Васко е клубот со најмногу трофеи во светот по Реал Мадрид. Не верувам дека Марио доаѓа да направи глупости во Рио, тој сака да дојде и да ја оживее својата кариера. Се надевам дека ќе го официјализираме на 15 јануари. Ваков трансфер за нашите фанови во овој момент би значел како трансфер на Диего Марадона “, рече Кордела.

Се вчитува...