Контроверзниот италијански напаѓаќ Марио Балотели нема да добие нов договор во Ница. Раководството на францускиот прволигаш одлучи да му дозволи да си замине на крајот од сезоната, кога истекува меѓусебната соработка.
Претседателот на Ница, Жан – Пјер Ривере, истакна дека разделбата можела да се случи и минатото лето, но следното тоа ќе се оствари дефинитивно.
„Обновување на договорот со Балотели? Не. Тој можеше да замине и минатото лето, но на крајот одлучивме да остане. Сепак, мислам дека на крајот од сезоната ќе заврши соработката. Марио е многу талентиран фудбалер, но мислам дека секој ќе замине по својот пат“, изјави претседателот на Ница.
Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови и фотографии), како и нивно линкување НЕ е дозволено без согласност од Редакцијата на ЕКИПА