Пријателскиот натпревар меѓу Наполи и Демирспор заврши 2-2, но главна вест од тој натпревар не беше ниту резултатот, ниту стрелците, туку изјавата на Марио Балотели, напаѓачот на турскиот суперлигаш по крајот на натпреварот.
Тој во интервју за италијанскиот „Скај спортс“ зборуваше за својата животна желба да игра за Наполи и за причините зошто тоа досега не се случило.
„Секогаш велев дека ми е сон да играм во тимот на легендарниот Диего Марадона, Наполи. Многу го почитувам претседателот Де Лаурентис, но тој никогаш не ме сакаше во тимот, затоа досега не успеав да дојдов во Неапол“, изјави 31-годишниот напаѓач.
Балотели одигра брилијантно минатата сезона во Турција, постигнувајќи 18 гола на 31 натпревар и со тоа ја „оживеа“ кариерата. Можеби одличните игри на напаѓачот во Турција ќе го привлечат вниманието на Де Лаурентис и ќе го принудат да го повика Балотели и да му даде шанса да го оствари својот сон.
Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови и фотографии), како и нивно линкување НЕ е дозволено без согласност од Редакцијата на ЕКИПА