Марио Балотели во својата кариера играше и за двата финалисти од годинашната Лига на шампиони, Манчестер сити и Интер. Всушност, израсна во Интер каде играше од 2007 до 2010 година, а потоа се пресели во Сити каде остана се до 2013 година.
Во интервјуто за „Газета дело спорт“, Балотели потенцира дека добил неколку покани за финалето во Истанбул и најверојатно ќе биде присутен таму.
„Ќе седнам во средниот дел од трибината како би ги избегнал шпекулациите. Моето срце е поделено на два дела и не треба повеќе ништо да ви кажам. Би сакал кога и двата клуба би го освоиле трофејот, но знаеме дека тоа е невозможно“ – вели Балотели, и дополнува:
„Нема сомнеж дека Интер има квалитетна екипа, доволно е што е во финалето за да се разбере тоа. Има одлични фудбалери, како Џеко, Лукаку, Лаутаро, кои може да направат разлика. А, од друга страна во Сити мора да се каже дека Халанд е извонреден. Ќе биде тоа отворен меч. Финалето ќе биде вистински спектакл, и кој било клуб да го освои нема да биде незаслужено“.
Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови и фотографии), како и нивно линкување НЕ е дозволено без согласност од Редакцијата на ЕКИПА