Балотели: Роналдо е среќен што јас не играв во Шпанија

Италијанскиот фудбалер Марио Балотели е уверен дека тој би бил првиот фудбалер кој ги освојувал лигите во Англија, Шпанија и Италија, а не Кристијано Роналдо. Јувентус во саботата со победата над Фиорентина од 2-1 ја потврди осмата по ред титула во Серија А, прва со португалската суперѕвезда во своите редови.

Роналдо, кој ја засили „старата дама“ минатото лето, стана првиот фудбалер кој ги обединил трофеите во Англија, Шпанија и Италија. Подвигот на Португалецот, во свој стил го коментираше и контроверзниот Балотели, кој со Интер ја освои Серија А, а со Манчестер Сити беше победник во Премиер-лигата.

„Роналдо е единствен фудбалер кој ги освојувал домашните првенства во Англија, Шпанија и во Италија, бидејќи јас никогаш не играв во Шпанија“, изјави Балотели.

Се вчитува...