Поранешниот италијански репрезентативец, Марио Балотели, зборуваше за можноста да ја продолжи својата играчка кариера.
Неговиот последен клуб беше Џенова , од која ја напушти ова лето. Балотели одигра шест натпревари во Серија А за својот последен клуб, но не успеа да постигне ниту еден гол.
„Имам понуди од странство, во добра физичка форма сум и би сакал да останам во Италија. Ќе видиме, во ќорсокак сум“, изјави Балотели за „Ла Газета дело спорт“.
Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови и фотографии), како и нивно линкување НЕ е дозволено без согласност од Редакцијата на ЕКИПА

