Еден од најконтроверзните фудбалери Марио Балотели во опширно интервју за италијанска „Газета“ откри говореше на повеќе теми поврзани за неговиот професионален и личен живот, а откри и која му е најголемата желба.
Искусниот голгетер во кој минатото кратко беше и дел од фудбалската школа на Барселона, откри дека сон му е еден ден да заигра за Реал Мадрид.
„Сакам да играм уште две или три години. Тогаш ќе ја завршам кариерата заедно со брат ми Енок. Но, да, мојот сон е да играм за Реал Мадрид“, откри Италијанецот.
Балотели во долгата кариера промени бројни клубови, а настапуваше и за Интер, Манчестер Сити, Милан, Ливерпул и Марсеј. Последната сезона ја помина во редовите на Џенова.
Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови и фотографии), како и нивно линкување НЕ е дозволено без согласност од Редакцијата на ЕКИПА

