Италијанскиот интернационалец Марио Балотели потпиша нов договор со францускиот прволигаш Ница. Тој ќе остане во редовите на овој клуб и наредната сезона, иако имаше најави дека би можел да ја засили и Борусија Дортмунд. Сепак, контроверзниот голгетер ја прифати понудата на раководството на Ница да остане уште една година во клубот од еден од најмонденските градови на Азурниот брег.
Балотели минатата сезона постигна 15 гола на 28 натпревари во дресот на Ница.
Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови и фотографии), како и нивно линкување НЕ е дозволено без согласност од Редакцијата на ЕКИПА