Балотели повторно шокира – направи четири тетоважи на лицето (ФОТО)

Италијанскиот напаѓач Марио Балотели веќе влезе во сериозни фудбалски години, а низ кариерата го пратеа скандали и чудни однесувања и потези, иако играше за големи клубови како Интер, Милан, Ливерпул, Сити…

После се, Манчини не го повика за баражот со Македонија, кој Италија го загуби, а Балотели на социјалните мрежи се пофали со чудни тетоважи, откако се одлучил да го истетовира лицето.

Балотели на Инстаграм објави фотографија на која се гледа дека има неколку тетоважи на лицето. Балотели во моментов игра за Аданаспор, а оваа сезона постигна 12 гола. Но, тоа не беше доволно да се врати во селекцијата на Италија за двата баражи за СП.

Се вчитува...