Поранешниот италијански репрезентативец Марио Балотели, е слободен агент откако денеска го раскина договорот со швајцарски Сион. Балотели мина само една година во швајцарскиот клуб, иако лани на 31. август потпиша двегодишен договор со овој клуб.
На взаемно задоволство сега договорот е прекинат, а турските медиуми пишуваат дека Балотели би можел да се врати во својот поранешен клуб Адана Демирспор во кој настапуваше во сезоната 2021/22 и на 33 меча постигна 18 голови.
Балотели е поранешен италијански репрезентативец, а има богата кариера откако настапуваше за Интер, Манчестер Сити, Милан, Ливерпул, Ница, Олимпик Марсеј, Бреша, Монца и споменатите Адана и Сион. За репрезентацијата одигра 36 меча и постигна 14 голови. Најголемата афирмација во дресот на Италија ја имаше на ЕП 2012 година во Полска Украина кога беше најзаслужен што неговата селекција стигна до финалето, но таму беше поразен од Шпанија.
Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови и фотографии), како и нивно линкување НЕ е дозволено без согласност од Редакцијата на ЕКИПА

