Патрик Виеира вчера доби отказ од клупата на Џенова, а тоа го израдува поранешниот играч на овој тим, Марио Балотели. Тој го оправда потегот на раководството, и очекува сега тимот да има подобри моменти.
Виеира го заврши својот едногодишен престој во Џенова, кој делумно беше обележан и со конфликтот со Балотели, поради што поранешниот италијански репрезентативец одигра само шест натпревари за овој тим.
Затоа не е за изненадување што темпераментниот напаѓач реагираше по информацијата дека Виеира нема повеќе да го води тимот.
„Бог гледа сè. Сега Џенова, конечно, може да се фокусира на лица кои вистински ја сакаат атмосферата, навивачите и грбот на овој тим, и кои длабоко веруваат дека Џенова заслужува да биде на врвот. Големата работа која Џилардино и Зангриљо ја искусија од прва рака не беше залуден, само себично за себе си го искористија оние кои дојдоа после нив. Сега да се фокусираме кон Џенова. Верувам во вас момци! Напред Џенова“, напиша Балотели на Инстаграм.
Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови и фотографии), како и нивно линкување НЕ е дозволено без согласност од Редакцијата на ЕКИПА

