Балотели си остана „нарцис“: И ден денеска сум најдобар италијански напаѓач

Марио Балотели веќе подолго време не игра фудбал на високо ниво во лига од Топ 5 европските шампионати, но проблематичниот голгетер си останува „нарцис“ кога станува збор за споредбат меѓу себе и останатите напаѓачи.

Доказ за тоа е последната изјава на „Супер Марио“, кој го прокоментира пласманот на Италија на ЕВРО 2024, но и проговори за проблемите со ефикасноста што ги имаат „нероаѕурите“ во последниет години.

„Кога сум здрав, јас и ден денеска сум најдобар италјиански напаѓач. Не кријам дека се уште сакам да се вратам во репрезентацијата, се надевам на повик од новиот селектор. Кој играше во нападот последните средби… дали ги видовте Скамака или Распадори? Колку удари имаа тие заедно, вкупно два… Сега се ви е јасно, знаете дека сум во право“, изјави Балотели.

Поранешниот ас на Манчестер Сити, Ливерпул, Милан и Интер моментно настапува во турското првенство во дресот на Адана, но поради повреда ќе биде „во аут“ до крајот на оваа година.

Се вчитува...