Додека фудбалската јавност во Италија очекува да ја види новата дестинација на Марио Балотели, поранешната ѕвезда на италијанската репрезентација и член на тимови како Ливерпул, Манчестер сити, Интер или Милан, си се занимава со новата љубов.
Балотели апсолутно не ги оправдата очекувањата на фудбалските стручњаци. Минатата сезона „заглави“ во Бреша, а сега како слободен играч бара нов клуб и најблиску е до потписот за Џенова.
Во меѓувреме ја запозна старлетата Алесија Месина со која во моментов е на Сицилија, и по само неколку денови врска се одлучи и да ја побара за жена.
Па, во негов стил на неговите родители им ја претстави преку социјални мрежи:
„Верен сум и заљубен. Мамо, тато, ова е вашата снаа…“ – ја пренесуваат италијанските таблоиди пораката од Балотели.
Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови и фотографии), како и нивно линкување НЕ е дозволено без согласност од Редакцијата на ЕКИПА