Балша Копривица го напушта Партизан, веќе е договорен новиот клуб

Центарот на Партизан, Балша Копривица го напушта клубот по завршувањет на финалето од АБА лигата.

Како што информираат српските медиуми, 25-годишниот кошаркар е веќе пред договор со турски Бахчешехир. Се додава дека од Истанбул пристигнала понуда која не може да се одбие.

Играчот кој пристигна во тимот на Жељко Обрадовиќ во 2021 година ќе ја продолжи кариерата под палката на Марко Бараќ, кој ќе го преземе тимот од Дејан Радоњиќ од следната сезона.

Копривица оваа сезона имаше просек од 8,8 поени, 5,3 скока и 0,5 асистенции во дресот на Партизан.

Се вчитува...