Бања Лука е во транс по синоќешниот пласман на Борац во плеј-оф рундата од квалификациите за групна фаза во Лигата на Европа.
Бањалучани ги очекува пресметка со унгарски Ференцварош, но дури и во елиминација тоа значи дека обезбедена е групна фаза оваа есен во Конференциската лига на УЕФА. За првпат во историјата Борац ќе игра во групи на европски натпреварувања, без разлика дали ќе биде во Лигата на Европа или во Конференциската лига.
Македонскиот репрезентативен голман Дамјан Шишковски одигра значајна улога на европската сцена за овие резултати на Борац под водство на поранешниот тренер на Шкупи, Младен Жижовиќ.
„Ова е феноменална работа за Бања Лука и за БиХ. Се надевам дека ќе се избориме и за Лигата на Европа“ – истакна синоќа Жижовиќ.
А, БиХ би можела да има и два претставници во Европа оваа есен. Во игра за Конференциска лига е и Зрински кој синоќа го исфрли Ботев Пловдив и во плеј-офот ќе игра против португалска Виторија Гимараеш.
Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови и фотографии), како и нивно линкување НЕ е дозволено без согласност од Редакцијата на ЕКИПА